Кошаркарките на Тим Арена од Штип против Охрид го отвараат пролетниот дел на домашен терен

Утре започнува пролетниот дел од Втората женска кошаркарска лига со натпреварите од 9. коло. Штипска Тим Арена на домашен терен во спортската сала „Јордан Мијалков“ ќе го пречека тимот на Охрид, во натпревар кој ќе започне од 12:30 часот.

Штипските кошаркарки со поддршка од верната публика ќе атакуваат на триумф и победнички да го отворат вториот дел од сезоната.

Исто така, утре Гевгелија како фаворит на домашен терен ќе игра против тимот на Шкупи, меч кој ќе стартува во 17 часот.

Колото се затвара на 28 јануари со мечот меѓу Струга и Гостивар кој ќе започне во 12 часот.

Александар Ванев, М-Нет