
Кошаркарите на Соколи забележаа победа над Бутел од 88:77 совладувајќи го во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип пред својата публика.
Соколи дојде до многу важна победа и прави чекор напред, со што сега штипски кошаркари имаат 1-0 преднсот во четвртфиналната серија. Сега ќе им следува гостување кај Бутел, а доколку триумфира тимот на Соколи ќе оди во полуфинале.
Во однос на останатите натпревари екипата на Маџари со 89:68 триумфираше над домашен терен над ланскиот прволигаш Охрид, екипата на Ангели се намачи и со 79:78 потешко од очекуваното го доби Борец Баскет од Велес, а пак Црн Дрим дома загуби од вториот тим на МЗТ Скопје со 88:91.
Кошаркарскиот клуб Соколи од Штип останува со јасна цел, а тоа е влез во Првата кошаркарска лига на Македонија за следната сезона, со што штипјани би имале можност за следат прволигашка кошарка.
Александар Ванев, М-Нет