Во ЖИВО на М Нет: Брегалница – Беласица, на М Нет Спорт: Осогово – Новаци, вторник од 17 часот

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 28. коло на Втората македонска фудбалска лига, а од истото ќе можете да проследите два натпреварит во живо на М Нет телевизија.

Натпреварот меѓу Брегалница и Беласица кој се игра на Градскиот стадион во Штип ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија. „Сините“ после поразот од Арсими во претходното коло немаат право на грешка против струмичани и ќе мораат до три бодови во трката за баражот, а од друга страна Беласица растеретена од било каков притисок доаѓа по позитивен резултат во Штип.

Преносот на М Нет телевизија ќе започне во 17 часот.

На спортскиот канал М Нет Спорт ќе можете да го проследите натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Новаци, каде сите дилеми се решени. Осогово ќе игра бараж за опстанок, а Новаци го обезбеди директниот опстанок и со тоа има мирна завршница од сезоната.

Преносот од овој натпревар на спортскиот канал М Нет Спорт ќе започне во 17 часот.

Александар Ванев, М-Нет