Кошаркарите на Соколи гостуваат кај „фенерџијата“ Работнички, Мега Баскет го пречекува тимот на Ангели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од последното 22 коло на Втората кошаркарска лига на Македонија.

Екипата на Соколи од Штип ќе гостува кај „фенерџијата“ Работнички, каде кошаркарите на Соколи ќе бидат фаворити за нов триумф, откако и во претходното коло Соколи беше подобар со 111:106 против Водно Санс во штипската сала „Јордан Мијалков“.

Дерби покрај езерото ќе се игра меѓу Црн Дрим и Охрид, додека пак дерби во Велес ќе се игра меѓу Борец и Маџари.

Екипата на Бутел како фаворит ќе ја пречека Струмица, Водно Санс ќе игра со вториот тим на МЗТ Скопје. Во Прилеп ќе се соочат домаќинот Мега Баскет и гостинот Ангели.

Во однос на табелата екипата на Маџари е на врвот со 38 бодови, толку има и Ангели кој е втор и Соколи од Штип кој е трет, а пак на четвртото место е Црн Дрим со 33 бодови. На дното е Работнички 2018 со 23 бодови.

Александар Ванев, М-Нет