Вечерва и утре верниците ја одбележуваат ,,Томина недела“, посветена на апостолот Тома

Вечерва и утре православните верници ја одбележуваат Томина недела, ден посветен на светиот апостол Тома. Празник наречен и како нова недела, Бела недела, Мал Велигден, кој секогаш се чествува една недела по Христовото воскресение. Апостолот Тома бил еден од апостолите кој не поверувал во воскресението на спасителот Хрисотос, откако останатите му соопштиле дека им се појавил. Поради тоа, апостолот Тома е наречен како Неверен Тома
. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома, каде тој поверувал, а Христос му се обратил со зборовите
блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“
. Во спомен на овој настан, Празникот има за цел да покаже на верниците дека не им се потребни знаци и чуда, иако Бог честопати ги испраќа, за да се поверува во Христа. И без да очекуваат чуда, правите верници го бараат него, засладувајќи се преку неговото, најсветло, најслатко и величенствено име, преку кого се држи сиот свет и земен и небесен. Божјата промисла е онаа која усторила така да се случи со Светиот Апостол Тома, за оние кои не веруваат да поверуваат, за оние кои се сомневаат да се утврдат во верата, а за оние кои пак вооопшто не веруваат да се восхитат на преобилното Божјо милосрдие човекоњубие и премудрост со кои Христа ги спасува луѓето. И денес па се до празникот спасовден граѓаните се поздравуваат со изреката Христос воскресе, навистина воскресе.

Иван Митев, М-Нет