Кочанчанец нападнал полицајци

Вчера во 14.10 часот на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани, во Полициска станица Кочани бил приведен Г.И.(32) од Кочани, поради агресивно однесување и физички напад врз полициски службеници при вршење на редовни работни задачи од областа на сообраќајот. За настанот е известен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.