
Во далечната 1956 година професор Ристо Јуруков добил благородна задача во тоа време да го основа нижото музичко училиште во Кочани. Денеска во таа чест навршуваат 68 години од постоењето. Години во кои смело, вредно се продолжува патотот кој го започнал професорот Рито Јуруков. Години одбележани со настапи и концерти на учениците, дипломи и признанија.
„Можеме да се пофалиме дека се уште сме уште едно успешно училиште со тоа покажува интегралната евалуација која ја поминавме оваа година и сме оценети многу добри. Но зад ова стојат и многуте награди што ги освојуваат учениците.“ вели Лазарова
Во ова прилика се доделија дипломи и благодарници на повеќе ученици кои имаат континуиран успех и кој имаат учествувано на повеќе нстапи и концерти.
„Имаме двајца првенци на генерација тоа се Јана Филипова, првенец на генерација од деветгодишно образование во класата на проф, м-р Елизабета Георгиева по пијано и Александра Георгиева која изучуваше инструмент флејта во класата на проф Јованка Милојевиќ а тоа е ученикот од шестгодишно образование. Бидејќи не се само овие ученици кои настапуваа, тие со континуиран одличен успех имаме и двајца пофалени ученици а тоа се Миа Михаилов и Јован Божинов“ посочи Лазарова
Настанот ќе го збогатат наградените ученици од училиштето, после нив со мали настапи ќе настапат хорот и оркестарот на училиштето, се предвидува одлична програма која ќе го задоволи вкусот на публиката.
Лаура Стојанова, М-Нет