Кочани игра дерби од дното со Вардар – кој ќе слави за крај на 2025 година?

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Утре ќе биде комплетирано последното есенско коло во Првата женска фудбалска лига со дербито од дното на Кочани и Вардар, дерби на две екипи кои се борат за опстанок во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.

Кочани под притисок ќе бара три бодови со цел да ја напушти опасната зона, но и да презими на осмото место на табелата. Ова е дуел на Кочани кој со четири бодови е на дното и Вардар кој е осми со пет бодови.

Победа за „жетварките“ ќе значи и прогрес на осмото место со седум бодови, два повеќе во тој случај од Вардар кој ќе се спушти на деветтото место или во бараж зоната. Од друга страна триумф за Вардар ќе значи дека дебитантот ќе биде осми со седум бодови, три повеќе од опасната зона, а Кочани ќе биде на дното.

Реми на двете екипи ќе значи дека Вардар ќе остане на осмото место со шест бодови, а пак Кочани ќе биде на деветтото место или во бараж зоната со пет бодови односно бод помалку од Вардар.

Ова е дуел на двата нови прволигаши – Кочани се врати во елитата по неколку години, а пак Вардар е дебитант во првпат во клупската историја игра во елитата, а сезонава двете екипи водат тешка борба за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет