
По 21 одиграно коло во Првата женска фудбалска лига повратникот во елитата, екипата на Кочани води грчевите борба за опстанок. Тимот кој минатата сезона беше шампион во Втората женска фудбалска лига и се врати во елитата се наоѓа на деветтото место со само седум освоени бодови.
Тимот има две победи, но едната е службена со Топ Гол, а благодарение на тоа Кочани кој беше на дното дојде до деветто место, а Топ Гол е на дното.
Деветтата позиција води кон баражот за опстанок во Првата женска фудбалска лига, а до крајот двете екипи ги очекува трка за освојување на бодови во која Топ Гол сака да стигне до баражот, а Кочани да го потврди истиот.
До крајот на сезоната остануваат уште шест кола, а во игра се 18 бодови.
До крајот од сезоната Кочани треба да игра дома со новиот шампион Скопје, ќе гостува кај Вардар, во рамки на 24. коло е гра против Речица на домашен терен, потоа следува гостува во Струга кај Ас Јунајтед, во претпоследното коло Кочани ќе игра дерби со Топ Гол, а во последното коло Кочани на домашен терен ќе се соочи со Каменица Саса.
Од друга страна Топ Гол ќе биде домаќин на Тиверија Брера, следува гостување кај новиот шампион Скопје, во 24. коло Топ Гол ќе игра дома со Вардар, па доаѓа мечот со Речица, во претпослендото коло е дербито со Кочани, а во последното коло Топ Гол ќе игра со Ас Јунајтед во Струга.
Во игра има уште многу бодови, математички многу комбинации може да излезат, но теоретски квалитетот тоа не го дозволува.
Александар Ванев, М-Нет