Секојдневно сме сведоци дека има нови заболени од корона вирусот во сите градови низ државата во посета на градскиот пазар во општина Виница забележавме дека има голема раздвиженост секој излегол да си ги набави потребните намирници кои мислат дека им требаат за прехрана од зелениот пазар. Сепак виничани се сметаат дека повеќето ги почитуваат мерките но има и исклучоци кои се мал процент.
Па мора да излеземе за да си купиме што ни треба за имаме што да јадеме. Постои опсаност секако од короната но гледаме да си ги испочитуваме мерките кои са донесени од власта и да си се самозаштитиме.
Какво е мислењето пак од другата гледна страна пазарџиите сметаат дека сепак Ковидот влијае на побарувачката на нивните производи.
Да се забележува дека имаме помала побарувачка немаме многу промет, но мора да доагаме и продаваме за да се искара некој денар да може да преживееме од ова егзистираме.
Свежите продукти од зеленчук и овошје кои што ги имаше на пазарот во Виница а луѓето секојдневно ги користат за прехранување беа основниот мотив виничани да излезат од своите домови и поминат околу еден час.