
На 10.11.2020 полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.М.(23) од Штип, затоа што во 20.30 часот во Штип, при извршен преглед кај него пронашле прашкаста материја и пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од сторено кривично дело „тешка кражба“ од аптека извршена истиот ден на ул.„Маршал Тито“ во Штип. Од страна на полициски службеници украдените пари со потврда за вратени предмети се вратени на сопственикот на аптеката. По документирање на случаите, против А.М. ќе бидат поднесени соодветни пријави.