Корона вирусот пламна во нови пет текстилни компании во Штип

54 пациенти заболени од ковид-19 се наоѓаат на лекување во Клиничката болница во Штип.Ова значи дека капацитетот на одделот за лекување на инфицираните со коронавирус скоро целосно е пополнет. Директорот на болницата Ален Георгијев минатата недела за mnet.mk изјави дека планираат дополнителни 15 легла за болните од ковид-19 на некое од одделенијата во болницата во Штип, но до денес сеуште не е адаптиран нов оддел за овие пациенти.

Во меѓувреме коронавирусот се рашири во уште пет текстилни компани во Штип. Сите фабрики каде има заболени, освен една, работат, прекин на работниот процес нема, болните се на лекување, а нивните контакти се во самоизолација. За сега скрининг на сите вработени во текстилните компани не се планира. Од денес на одмор од една недела се стотина работници од текстилна компанија, каде утринава се потврдени два случаи на ковид-19, а десетина се појавиле на работа со симптоми. Сопственикот најави дека ќе бидат тестирани сите работници, после што негативните ќе продолжат со работа. Денес треба да заврши скринингот на над 800 вработени во двете најголеми текстилни компани во Свети Николе. Скринингот таму е на барање на сопственикот Ангел Димитров, кој најави отпочнување со работа на фабриките од четврток до кога треба да бидат познати резултатите од тестирањето.

Славица Величковска

Горан Христовски