Корнишоните и карфиолот беа најскапи на штипскиот пазар, поскапеле за 15 – 20 денари

Корнишоните и карфиолот рушат рекорди во однос на цената по која денеска се продаваа на штипскиот пазар. За разлика од минатиот петок, денеска се продаваа по цена повисока за 15 до 20 денари. Корнишоните околу 70, карфиолот до 40 денари. И продавачите се согласни дека овие два производи се со повисока цена, но посочуваат дека сепак се барани од страна на купувачите.

За купувачите, пак, скапо е сѐ. Тие не можат да издвојат производ што е нереално скап за овој период, туку велат дека кога ќе го земат предвид сопствениот буџет, за нив сѐ е со нереално високи цени.

Градскиот пазар на денешниот пазарен петок беше особено раздвижен, побарувачката од вчера, па и денес беше значително зголемена, а се купуваше сѐ, но и понатаму најбаран е зеленчукот за зимница.

Ребека Спасова М-Нет