Конфекции се затвораат, невработеноста расте, граѓаните категорични треба стабилна работа и високи плати

Конфекции се затвораат, нема работа, нема плата, нема персепктива, граѓаните на Штип алармираат бројот на невработени е голем. Иако има се уште работодавачи кои што бараат работници, сепак многумина не ги прифаќаат нивните понудени услови. Платите не се доволни според мнението на граѓаните и тоа е причина за да се повеќе млади си заминуваат во потрага по подобра иднина. Велат цените во маркетите се виоски, сметките уште толку, а џебот е речиси празен.

Фактот дека ништо не останува од една плата е најголема причина за да младите бараат спас надвор од државата. Граѓаните потенцираат ако се подобар условите, може би ќе се вратат младите.

Бројот на работниците во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, само во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1.8 %,Капитални производи за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.8 %.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на периодот јануари – септември 2024 година, се намалил за 3.7 %.

Иван Митев, М-Нет