„Комити“: Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, нема да присуствуваме на мечот меѓу Вардар и Пелистер во Битола

ФОТО: НГ Комити

Навивачката група „Комити“ преку соопштение информираше ека нема да присуствуваат на „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар, кое е закажано за сабота, 29. март, во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства.

„Во знак на почит кон жртвите на трагедијата во Кочани, како и во знак на солидарност кон сите преживеани и кон сите семејства погодени од големиот ужас, одлучивме дека нема да присуствуваме на следниот натпревар на ФК Вардар, кој ќе се одигра на 29.03.2025 во Битола, против екипата на Пелистер. Сметаме дека во моменти кога народот тагува и жали, ова е единствената логична одлука која групата можеше да ја донесе“, се вели во соопштението на навивачката група „Комити“.

Натпреварот се игра на стадинот „Петар Милошевски“ во Битола, а приходот од билетите ќе биде дониран на настраданите од големата трагедија во Кочани.

Александар Ванев, М-Нет