ФК Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров ќе му биде исплатен на неговото семејство до истекот

Во големата трагедија во дискотеката во Кочани, животот го загуби младиот фудбалер Андреј Лазаров, кој беше фудбалер на прволигашот Шкупи.

Клубот донесе одлука дресот со број 77 кој го носеше токму Лазаров да биде повлече, а исто така од клубот најавија дека договорот на Андреј Лазаров ќе биде до крај испаплен на неговото семејство.

„ФК Шкупи донесе одлука да го повлече од употреба бројот 77, кој го носеше Андреј Лазаров сè до неговото прерано заминување од овој свет. Ова е еден мал гест од наша страна, во знак на почит и благодарност за неговиот придонес во клубот. Исто така, клубот одлучи неговото семејство да ги добива платите според договорот што Лазаров го имаше со ФК Шкупи. Андреј Лазаров засекогаш ќе остане дел од историјата на ФК Шкупи, а овие одлуки донесени од раководството се мал знак на почит за оддавање чест на неговото сеќавање“, се вели во соопштението на ФК Шкупи.

Претходно и Тиквеш го повлече дресот со број 16 кој го носеше Лазаров, кога настапуваше за прволигашот од Кавадарци, а низ својата кариера беше дел и од Работнички и Металург на домашната сцена, а во странство настапуваше за хрватските екипи Горица и Рудеш.

Александар Ванев, М-Нет