
Денес се одржа 26 седница на Комисијата за спорт на која се разгледуваа три точки на дневниот ред. Тоа беа барање од спортските клубови за неопходната котизација за учество во претстојните првенства. По првата точка од дневниот ред барањето за одобрување на финансиски средства во износ од 15000 денари на тенискиот клуб Триумф беше прифатено. Комисијата за спорт ги прифати и барањето на клубот за Џиу – Џицу, Осенсеи за одобрување на финансиски средства во износ од 12 300 д. како и одобрување на финансиски средства во износ од 26 000 на ППК Шампион ФА . Сите овие одобрени финансиски средства, Комисијата за спорт ги препрати кон Комисијата за финансии и буџет а последниот збор за усвојување и одобрување на средствата ќе го имаат советниците на првата наредна седница.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk