Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок, на кој ќе се разгледува состојбата со коронавирусот, врз основа на што ќе одлучи дали ќе има дополнување на рестриктивните мерки за заштита од вирусот.

Состојбата со пандемијата ќе биде тема и на денешната седница на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски.

Тековната недела надлежните ја карактеризираа како критична во однос на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати.

Бројот на активни случаи во државава изнесува 18.000. Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 303 случаи на коронавирус од направени 1.405 тестирања. Починаа 41 лице, а оздравени се 1.169 пациенти.

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека 20.000 граѓани, кои се веќе пријавени, на возраст над 75 години, во текот на денешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини во согласност со местото на живеење во кој пункт и во кое точно време да се јават за вакцинација.

Текстот Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали ќе има нови рестриктивни мерки е превземен од МАКФАКС.