
На три кола до крајот во Првата футсал лига на Македонија неколку играчи ја водат борбата за тоа кој да биде најдобар стрелец. Разликата измеѓу и е мала што нуди неизвеност до последното коло.
Најдобар стрелец е Марио Благојевски кој настапува за новиот шампион Проект, втор најдобар стрелец е Ибрахим Алији од екипата на Балкан со 24 гола, трет најдобар е Исар Дурмишов од екипата на Мал Ајакс со 22 реализации.
Од сенка ќе се обидат за „златната копачка“ да се наметнат и Берат Рамадани од Форца и Еркан Сефери од Шкупи.
Десет фудбалери си имаат постигнато автоголови.
Во однос на самата сезона, Проект е нов шампион и оди да го освои и Купот и да ја обедини титулата, а пак Балкан и Мал Ајакс од Штип испаѓаат во Втора лига.
Александар Ванев, М-Нет