Кобна сообраќајна незгода во Штип, загина брачен пар

Тешка сообраќајна незгода вчеравечер во Штип кобно заврши за две лица. Нешто пред полноќ во близина на населба Македонка во Штип дошло до директен судир меѓу две патнички моторни возила, со штипски регистраски ознаки, управувани од 68 годишен штипјанец и 19 годишно лице. Во несреќата загина брачен пар.

„Синоќа 31 мај 2022 година околу 23:20 часот на улицата Брегалничка во Штип се случи сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „југо“ со штипски регистарски ознаки управувано од 68 годишен возач од Штип и патничко моторно возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки управувано од 19 годишен штипјанец. Во незгодата починале возачот на патничкото моторно возило „југо“ и неговата сопатничка на возраст 62 години. Смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип. Увид на местото на настанот изврши Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Штип“ – кажа Панајотова.

Ова не е прва сообраќајна незгода на овој потег кој води до неколку приградски населби, но истовремено е и влез и излез во и од Штип.

Лаура Стојанова М-Нет