
Последни подготовки пред вечерашниот настап на гудачки оркестар во Штип. Пред Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип вечерва за прв пат на отворено ќе се изведен настан во кој штипска публика ќе може да ужива во класична музика. Директорот на Дом на култура, Горан Трајков ги покани граѓаните да го проследат настанот и да уживаат.
„Ја имаме честа да ги поканиме сите граѓани на Општина Штип да дојдат вечерва во 20:30 часот на отворено да го проследат првиот концерт од летната сезона на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Штип, а тоа е гудачкиот оркестар на музичка младина од Македонија, кој е сочинет од млади таленти кои свират и надвор по другите држави. Имаме двајца солисти. Јас мислам дека ова ќе биде едно несекојдневно доживување за град Штип“ – кажа Трајков.
Претходно вакви концерти се организираа на затворено, но според директорот Трајков праксаата покажала дека граѓаните се интересираат. За вечерва конкретно се очекува само уживање и голема посетеност.
„За вечерва очекуваме сите тие кои ќе дојдат да си поминат убаво и да го раскажуваат тоа. Посетеност има, но не како популарната музика.“ – додаде Трајков.
Со овој настан се одбележува стартот на летната сезона, што значи ваквите концерти на отворено ќе продолжат и во текот на наредните месеци.
Лаура Стојанова М-Нет