
Коалицијата за зелена иднина со приоритетни проекти за подобрување на условите за живот во Штип. Носителот на советничката листа, Милчо Смиљанов, презентираше дел од проектите. Приоритетот се става на здравството, образованието и социјалната политика.
„Здраво бебе, здрава мајка, здрава иднина, породилно боледување за земјоделки. Во образованието бесплатно предучилишно воспитание, дуално образование, најдобрите практиканти да бидат приоритет на компаниите од реалниот сектор. Бидејќи Штип е универзитетски град следува и изградба на универзитетски студентски дом. Обновливи работни места, тоа значи зелени работни места.“- вели Смиљанов.
Дополнително се залагаат за пензионерите, но и за младите, како и за културата и развој на туризмот во градот.
„На Штип му е птребен старечки дом бидејќи се иселија голем број од младите луѓе, а се повеќе остануваат стари. Би кажал два збора – стоп на дискриминација по било кој основ.“ – додава Смиљанов.
Коалицијата за зелена иднина на Локалните избори во октомври настапува под реден број 8.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет