Кико Митев штипскиот „Робинзон Крусо“ како Македонец беше последниот посетител – турист на „Мачу Пикчу“ (трет дел)

Престојот во Перу изобилува со возбудливи, интересни и пред се атрактивни моменти. Природните ресурси се распослале насекаде, по долините, висорамнините со чисти,бистри езерца, кон планинските врвови никнувале градови како печурки по дожд во кои битисуваат луѓе гостољубиви, пријатни по карактер и вредни. Мирисот на планинските билки се чувствува во вкусот на опојните јадења во Перунската кујна за која Кико вели дека е премногу разноврсна и богата. Прошетката по пазарот во Куско ги прикажува сите оние овошки, зеленчуци, зачини кои виреат токму овде и на овие височини. Во екот на светската опседнатост со Корона вирусот Кико налета на интересна презентација од страна на стручни лица за превентива и појаснување на самите пазарџии и секако на купувачите. За аклиматизацијата и за издржливоста Кико си има своја тајна а тоа се листовите од кока кои ѓи жвака и проголтува свежи. Како додаток сепак наместо виски Кико си употребуба вода и како што вели се чувствува како на плажа, свеж,одморен, нема главоболки , ниту мачнини. За Куско самиот Кико вле дека е портата за Мачу Пикчу светски познатиот археолошки локалитет еден од најпосетуваните во светот. Посетата на Кико Митев на Мачу Пикчу е најголемиот предизвик за кој сонивал и кој конечно му се остварил. Годините поминати на макотрпна работа по европските земји за да заработи и да запознае нови непознати земји и да се соочи со неизвесности, конечно му се оствари. И во овој свој потфат Кико Митев е сосема сам, сам се финансира, сам си набавува опрема, самиот снима и собира еден куп драгоцени материјали кои сака да ги објави и да еден ден ја запознае Македонската јавност. Кико Митев ја имаше и таа чест како Македонец да биде последниот посетител – турист на Мачу Пикчу од едноставна причина што и во далечниот Перу стигна забраната за заштита од Корона вирусот и Мачу Пикчу е блокиран и затворен. Границите на Перу со соседните земји се затворени така да и плановите на Кико Митев ќе бидат коригирани и сакал или не ќе остане во Перу уште две до три недели. Инаку според програмата Кико треба да го посети езерото Титикака и од таму да влезе во Боливија.Во Боливија е предвидено да престојува 20 дена со посета на главниот град Ла Паз, потоа на Салар Де Ујуни како и т.н. „Пат на смртта“. Од Боливија авантурата на Кико ќе продолжи во Чиле, преку пустината Атакама ќе се упати како што вели во нереално убавиот Валпараисо а од таму во главниот град Сантијаго. Следна дестинација по Чиле ќе биде Аргентина преку посета на Патагонија, кампување на повеќе локации во времетраење од еден месец за да на крај го посети магичниот Рио Де Женаиро.

Драги Герасимов – Пушка