КБ Штип, медицинскиот факултет и студентскиот дом – меѓу приоритетите на Владата за наредниот периoд

КБ во Штип, заедно со медицинскиот факултет и студентскиот дом, се меѓу приоритетите на Владата за наредниот период. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека прво се чека да завршат локалните избори, а потоа ќе се распише јавен повик за институции кои ќе обезбедат финансиска поддршка за модернизација на клиничките болници и здравствените центри. Во првиот чекор се опфатени и болниците во Тетово и здравствениот дом во Кичево. Мицкоски додаде дека по анализите на Министерството за здравство ќе се разгледува можноста за изградба на голем нов клинички центар.

,,Чекор по чекор, сега прво да завршат локалните избори, па да се распише јавен повик за финансиски институции за клиничките центри и болници, поврзани со влада со влада договорот со обединетото кралство. Тоа e веќе кажано, клиничките болници во Штип и Тетово, вклучително и болницата со здравствен дом во Кичево. Така што тоа веќе го зборевме, плус медицинскиот факултет и домот во Штип. Toa e сега прв чекор, па потоа да видиме како ќе стојат работите, па потоа можеме да зборува за еден голем клинички центар и мислиме дека е времето да размислуваме но , ајде експертите, министерството за здравство нека направат анализи и ќе излеземе со став.“, рече Мицкоски

Оваа инвестиција ја става Штип во фокусот на здравствените проекти, гарантирајќи подобри услови за пациентите и медицинскиот кадар.

Следниот чекор е распишување на јавниот повик и конкретно финансирање, а Владата најавува дека ќе продолжи со поголем чекор за голем клинички центар во земјава.

Иван Митев, М-Нет