
Ракометарите на Македонија одиграа уште еден разозарувачки натпревар на светскиот мундијал што се одржува во Египет. Се распадна ракометната машина на Македонија која на моменти наликуваше на туристичка екипа на некое егзотично место и заслужува жестока критика за тотално несериозниот однос. Во првото полувреме резултатот беше 20:6 за Египет што го покажува вистинскиот скор на силите на теренот и покажува дека „командата“ на тимот тотално го изгубила компасот. Поразот мора да се прифати, тоа е вистината, но ова ќе испадне како морален поттик за играчите на Чиле со кои го играме последниот групен натпревар во понеделник. Конечниот резултат на овој натпревар беше Египет : Македонија беше 38:19 со што репрезентацијата на Македонија која беше за почит и респект, наеднаш клекна на колена и се погласно се поставува прашањето како ли ќе биде со репрезентацијата по конечното заминување на капитенот Кире Лазаров. Македонија губела и ќе губи и понатаму, но тоа да се случи по максимална игра, со желба за надмудрување и со достоинствен однос на самиот терен. Вака вечерашната игра поставува многу енигматски прашање на кои треба ексресен, брз и решавачки одговор во заеднички разговор на стручниот штаб и на самите играчи. Искажано народски, не да се бара виновникот, туку причината за ваквиот однос на играчите кон самиот репрезентативен дрес.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk