Карбинчани ќе протестираат секој ден, а иницијатива има и за протест во Скопје, жалбите одбиени

Карбинчани продолжуваат со протестите во врска со приведените поради пронајден канабис. Цврсти се на ставот дека во притвор се погрешни лица и велат дека ќе направат се’ што е во нивна можност за да го докажат тоа. Пројавија и иницијатива за поголем протест во Скопје, а со протестите ќе продолжат и во текот на следните денови.

„Немаме ништо од приведените, од обвинителството нема ништо, не се слуша нашиот глас. Протестираме, ама нешто. Ќе чекаме, ќе видиме адвокатите што ќе направат. Ќе се трудиме, ќе правиме протести. Сакаме да се организираме и во Скопје да направиме протест пред Обвинителството, па ќе видиме.“

Според нивни информации, за случајот уште нема ниту обвинение, ниту докази, а по жалбата на едниот сега се одбиени жалбите и на останатите двајца приведени.

„Уште обвинителството нема докази собрано и немат обвинение уште, немаат излезено уште пред јавен обвинител.“

„Жалбите им се одбиени на сите тројца.“

Тие потенцираа дека со протестите во Карбинци ќе продолжат се’ до ослободување на приведените и дека ќе ги преземат сите потребни правни постапки со цел да се докаже дека се приведени чесни и невини луѓе.

„Ова постои 50 години во о. Карибинци, секаде го има тоа и сите го знаеме.“

„Протестите ќе продолжат секој ден овде. Тие немаат никава правна основа, невини луѓе се приведени.“

Протестите во карбинско започнаа уште пред една недела, а на еден од нив ја блокираа и едната сообраќајна лента на патот кај с. Долни Балван. Инаку, претходно Основното јавно обвинителството поведе истрага против тројцата осомничени, на кои им беше определена мерка притвор.

Ребека Спасова М-Нет