Илиевски нов тренер на КК Маџари, КК Пелистер промовираше четири нови засилувања

Суперлигашите се подготвуваат за новата сезона во кошаркарската елита на Македонија преку засилувања во сопствените редови, но и со ангажман на нови тренери.

КК Маџари објави дека Марјан Илиевски е нов тренер, кој ќе го води овој суперлигаш во сезона 2026/2027. Илиевски, кој и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект ќе го води Маџари во историското деби во АБА 2 лигата.

Клубот објави дека наскоро ќе објават повеќе информации околу ростерот за новата сезона.

КК Пелистер за новата сезона во Супер лигата промовираше четири засилувања. Благој Димитриев се варќа во битолскиот клуб каде настапуваше во минатото, 26-годишникот доаѓа од тимот на Тиквеш, а во минатото беше дел од Ангели и Струмица.

Битолчани ќе бидат посилни и со Алонзо Едвард Ренинг, кој доаѓа од САД, има потекло од Македонија и поседува македонски пасош. Игра на позицијата крилен центар, а претходно настапуваше во шампионатите на Азербејџан, Еквадор и Косово.

Ново име во Пелистер е Коста Кириловски, кој потекнува од школата на Водно Санс, а претходните две сезони ги помина во Игокеа и Кожув. Тој е член на младинските репрезентации на Македонија.

Пелистер е посилен и со Иван Сапунџиев, искусне кошаркар кој игра на позицијата бек, а низ кариерата настапуваше Карпош Соколи, Фени Индустри, Вардар и ТФТ Скопје.

Александар Ванев, М-Нет