Карате клубот Штип најуспешен во младинска категорија за 2025 година, штипјани ги собраа признанијата за најдобри во повеќе категории!

ФОТО: Карате федерација на Македонија

Карате федерацијата на Македонија ги прогласи најуспешните клубови, тренер и натпреварувачи за 2025 година.

Штип може да биде горд бидејќи карате клубот Штип собра многу одличија со што се потврди успешната работа и големите резултати кои беа постигнати изминатата година.

За најуспешни тренери во младинска конкуренција од страна на карате федерацијата на Македонија беа прогласени браќата Сашко и Жарко Арсовски, а карате клубот Штип беше прогласне за најуспешен за 2025 година во младинска конкуренција. Тренерот Жарко Арсовски во изјава за М Нет телевизија вели дека се горди на постигнати резултати и тоа ќе биде мотив повеќе за во 2026 година.

Во машка конкуренција кумите второто место му припадна на Марко Џорлев, а пак третото на Џем Пашов, двајцата од карате клубот Штип, а пак кај кадетите во женска конкурнеција кумите најуспешна беше Душица Бреслиева од карате клубот Штип.

Во конкуренција најуспешни сениори до 21 година машка конкунреција кумите беше прогласен Љупче Михајлов од карате клубот Штип, во конкуренција најуспешни јуниори женска конкуренција кумити прво место освои Драгана Евтимовска од карате клубот Штип.

Веќе е одреден фокусот за 2026 година односно кон што ќе се насочува клубот од градот под Исарот.

Ова е уште едно големо признание за карате клубот од Штип за одличните резултати, успесите кои клубот од градот под Исарот ги постигна во изминатата 2025 година, а тоа ќе биде мотив повеќе во иднина да има уште поголеми успеси и остварување на целите кои се поставени пред клубот за 2026 година.

Александар Ванев, М-Нет