
Втора тренерска промена во Втората македонска фудбалска лига, дебитантот Камјани ќе добие нов тренер, откако Бурхан Емурлаи кариерата ќе ја продолжи во Азербејџан.
Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин на соработката, со што Емурлаи го напушта Камјани по 70 денари соработка со новиот второлигаш.
Емурлаи продолжува во екипата на Кабала од Азербејџан, каде ќе работи во стручниот штаб на Јетон Беќири, кој е поранешен тренер на тетовска Шкендија.
Од Камјани му се заблагодарија на Емурлаи за професионалноста, позитивниот пристап и посветеноста кон клубот.
Сега клубот кој по пет кола има форма од две победи, едно реми и два порази и освоени седум бодови, ќе треба да бара ново тренерско решение кое ќе биде наследник на Емурлаи.
Во сабота во рамки на 6. коло на Втората лига, Камјани ќе игра против Детонит Плачковица, а овој натпревар ќе биде последен на Бурхан Емурлаи, со што од клубот побараа публиката да дојде да го наполни стадионот и да му се заблагодарам на Емурлаи за неговиот досегашен придосен кон клубот.
Претходно, оставка од тренерската позиција си поднесе Иван Варадиновски, кој по лошата серија резултати со Новаци одлучи да преземе одговорност и да го напушти тренерското столче.
Александар Ванев, М-Нет