
Во рамки на 17. коло од Третата лига – Запад, екипата на Камјани ја потврди својата доминација оваа сезона, декласирајќи ја Ренова со убедливи 6:0. Со оваа победа, Камјани и математички ја обезбеди шампионската титула и ќе игра бараж за пласман во Втората лига.
Тимот од Камењане игра фантастична сезона, што го потврдува и билансот од 16 победи, едно реми и само еден пораз, со импресивна гол-разлика од 61:16 и освоени 49 бодови. Конкуренцијата остана далеку зад нив, а најблискиот ривал Влазрими Ј 1977 заостанува со значителни осум бодови.
Во останатите натпревари, Влазарими Ј 1977 беше сигурен против Скендербег (3:0), додека Вардар 2022 убедливо славеше на гости кај Љуботен со 0:7. Речица пак дојде до важна победа на гостувањето кај Доброште (2:3).
Со вакви партии, Камјани сосема заслужено се искачи на врвот и сега го очекува нов предизвик – баражот за влез во Втората лига, каде ќе се обиде да ја круниса оваа одлична сезона со историски успех.