Како се одвиваше денешната седница на Советот во Општина Штип?

Одржана шестата по ред седница со новиот состав советници или прва за оваа 2022 година. На седницата присуствува советниците и од ВМРО ДПМНЕ и колаицијата и од СДСМ и коалицијата. Имаше советници кои заради оправдани причини не беа физички присутни, па беа уклучени „онлајн“. Навидум седницата изгледаше посмирено споредбено со претходните кога дел од советниците или не се појавуваа или ги напуштаа истите. Дел од точките беа поздравени од страна на опозицијата, истите го дадоа и својот глас, па се постави прашањето, „се смирија ли страстите меѓу советниците од опозицијата и позицијата во Штип?“. На првите неколку точки дури се подржуваа и поздравуваа одлуки на кои истовремено гласаа и советниците од опозицијата.

Поголеми несогласување имаше околу шестата точка во која се одлучуваше за вработувањата за 2022 година. Меѓутоа, и таа точка беше изгласана. На дневен ред имаше 22 точки по кои советниците дискутираа и одлучуваа за најдоброто за општината и граѓаните. Инаку, минатата година на петте одржани седници на Советот на Општина Штип препукувањата беа составен дел од седниците. Најпрво несогласувањата започнаа со потпишувањето на свечените изјави со или без придавката „северна“, па валидноста на донесените одлуки, а врвот го достигна вонредната посета на Државниот инспекторат за Локална самоуправа.

Ребека Спасова М-Нет