
Во дојава од граѓани, жители на населба Чешиново – Облешево, чии дечиња посетуваат настава со физичко присуство во училиштето „Страшо Пинџур“ во село Соколарци, кочанско, посочуваат ситуација која бара посебно внимание. Впрочем, ученици кои биле во контакт со наставници заболени од корона сеуште се на училиште. Според нив никој не презема огдоворност, а воедно никој не известува ништо за ваквата ситуација. Родителите посочуваат дека нивните деца и денеска редовно отишле на училиште. За тоа колку навистина заразени од ковид 19 има во ова училиште и како се одвива наставата побаравме одговор и од надлежните. Директорката на основното училиште „Страшо Пинџур“, Ленче Јакимова, во телефонски разговор за М-Нет телевизија, истакна дека моментално има заразан само еден наставник, но истиот не се заразил во училиштето. Тој не доаѓа на работа. Ситуацијата во училиштето не е алармантна,нема простор за паника, истакна Јакимова. Дечињата посетуваат редовно настава, со физичко присуство до трето одделение, и со почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.
Лаура Стојанова М-Нет