
Кабаре перформанс за присутните ќе се приреди во штипскиот хотел и ресторан „Бриони“. Премиерата ќе биде во сабота на 18 декември, а предновогодишно ќе се одигра и на 25 декември. Од организацијата велат дека идејата за кабаре перформанс дошла сакајќи на своите гости да им овозможат новогодишна атмосфера во последниот месец од годината на поинаков, несекојдневен начин. Сметале дека во градов недостасува нешто вакво кое ќе биде интересно за публиката, а од друга страна ќе изобилува со хумор, сатира, игра и музика.
Перформансот содржи три чина во траење од по 30 минути со што истиот ќе трае околу час и половина најмногу до два часа. По завршувањето за гостите е предвидена и кабаре забава.
Во улога на актери и изведувачи на настанот учествуваат од Македонската опера и балет и Народен Театар Скопје, а зад режија и адаптација стои потписот на Трајче Кацаров. Музичкиот дел ќе го изведуваат музичари од Скопје и Струмица.
Оние кои ќе ги пропуштат двете изведби на перформансот, истиот ќе може да го проследат и во следната 2022 година. Во зависност од интересот, програмата и потребите ќе се одлучи дали ќе биде изведуван двапати месечно или во поинаква временска рамка.
Ребека Спасова МНет