
И овошјето станува луксуз за граѓаните во Кочани. Во сезоната на зимници, продавачите на градскиот пазар во Кочани велат дека има производство, но граѓаните не можат да си купат овошје, јаболка на пример како минатата година. И покрај тоа што годинава се нудат по пониска цена од претходната година, помала е и побарувачката.
„Цените се многу проблематични, затоа што гледа се потрошувачката дека на луѓето еве овошјето, веќе стана луксуз и очигледно дека најмалку пари им остануваат на луѓето за луксуз. Во однос на минатата година не може ниту да се спореде. Ова јаболко е од Свети Николе, природно со бунарска вода, само двапти прскано и е скоро еколошко јаболко. 30 денари е, а минатата година најевтината јаболка беше по 40 денари, а зголемени трошкови.„
Во одноос на побарувачката на останатите производи кои се нудеа на пазарот, продавачите се со поделено мислење. Дел од нив велат побарувачката е задоволителна, друг дел велат слабо се троши. Но, сите се согласни дека егзистенција нема.
„Има побарувачка, црвената пиперка заврши, 50 денари се продава без проблем. Сега е шпицо за пиперката.“
„Слабо, слабо побарувачка, жалат се луѓето скапо било, а реално не е скапо затоа што се качи нафтата, се качи ѓубрето, нема егзистенција, но мора да се преживее.“
Според купувачите во зависност од финансиските средства се купуваат и производите. Кој нема пари ќе јаде понеквалитени производи.
„Па цените не можам да речам дека се просечни, дека се добри секојдневно се покачуваат цените. Еве доматот веќе со десет денари е поскап.“
И покрај тоа што е последен пазарен ден во Кочани во месец септември, раздвиженост имаше со оглед на фактот дека од денеска започна етапното исплаќање на септемвриските пензии.
Лаура Стојанова М-Нет