
И жителите од населба Чардаклија ќе добијат поквалитет живот по промените кои ќе следат на 17 октомври, ветија вечерва кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Иван Јорданов и кандидатите за советници.
„Вечерва сме во населбата Чардаклија, да поразговараме со мештаните, со жителите на оваа населба. Тоа што четири години не го видовме имаме обврска ние како идна Локална власт да го направиме за жителите од оваа населба, а се однесува на поврзување на населбата Чардаклија со населбата Балканска со нова пешачка и осветлена патека, но исто така и реконструкција и асфалтирање на улиците кои што се останати во кал и прашина заради не одговорноста на Локалната власт. Се наоѓаме пред училиштето во Чардаклија каде што треба да биде реконструирано онака како што доликува со нови детски и спортски содржини затоа што жителите од оваа населба тоа го заслужуваат“ – додаде Јорданов.
А проблемите и потребите на жителите од населба Чардаклија не може да ги знае никој подобро од самите луѓе кои живеат овде. Даниел Јовевески е кандидат за советник кој живее во оваа населба и го мисли најдоборото за своите сограѓани.
„Чардаклија ќе биде повторно во центарот на вниманието на Локална власт и дека граѓаните ќе добијат подобар живот“ – кажа Јовевски
Со исто внимание од страна на ВМРО ДПМНЕ ќе се третираат и населнбите Балканска и Македонка, додаде Јорданов.
Лаура Стојанова М-Нет