Ифтар по четврти пат ќе се одржи во Штип, се очекува посета над 1000 посетители

Четврта година по ред, во Штип ќе се одржи мега ифтар на платформата наспротив џамијата во градот. Со гости ширум земјава и подршка од градоначалникот Јорданов, утре ќе се одбележи оваа вечер, која секогаш се одбележува еднаш во годината и тоа во месецот рамазан. Инфаторот, означува зајдисонце, што значи дека верниците од тој момент, па се до изгрејсонцето од следниот ден наречено сахур, ќе можат да јадат.

Од година во година бројката за свечениот ифтар се зголемува, вели одговорникот Зејнилов, со што утре ќе има околу 1000 посетители.

Инаку, инфтарот е момент кога верниците од муслиманската вероисопвед вечераат. Рамазанските пости годинава ќе траат 29 дена, па заклучлно до 29 март во џамијата во Штип се одржува ифтар за сите верници.

Иван Митев, М-Нет