Исчистени одроните во Пијанечкиот регион, ама се препорачува внимателно возење

Исчистени одроните на патото во Пијанечкиот регион од државата. По силните врнежи од дожд во текот на вчерашниот ден, одрони имаше на неколку патни правци од село Истибања до Пехчево. Од Македонија пат во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакнаа дека одроните веќе се исчистени, а на терен цела нок биле нивни екипи. Сообраќајот во овој момент се одвива непречено.

„Одроните се исчистени. Поради интезивни врнежи во текот на целата ноќ имаше многу одрони на патниот правец од село Истибања до Делчево и од Делчево до Пехчево. Со сите екипи бевме на терен во текот на ноќта, одроните постојано се чистеа и сега во момнетот немаме никакви последици за непречено одвивање на сообраќајот.“ – вели Цоневски.

Во Пијанечко Малешевскиот дел честа е појавата на одрони по патот. Од Македонија пат потенцираат дека дежурни екипи 24 часа, се прават посотојани обиколки, а се дејстувува и по дојава од граѓани. Но, сепак велат потребна е голема внимателсност и прилагодување на брзината на движење на возила кога се минува од овде.

„Имаме екипи дежурни 24 часа, на дојава или на наши редовни обиколки излегуваме на терен и ги чистиме. Ама бнимавањето и прилагодувањето на брзината на возење нема да се на одмет“ – додава Цоневски.

Од АМСМ известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Од таму препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетуваат дека е задолжително поседување зимска опрема, обврска која трае до 15 март.

Лаура Стојанова М-Нет