Гужва во станиците за технички прегледи во Штип за ставање налепници со „НМК“, за граѓаните ова непотребно малтретирање

Започна лепењето на налепниците „НМК“ во штипските станици за технички прегледи. Од страна на МВР налепниците утринава пристигнаа во станиците. Голем број граѓани чекаа ред за да стават налепница на своето возило, а во претоходниот период имало по 200 до 300 повици дневно во станиците за технички прегледи. Од таму смируваат дека има доволно налепници кои се лепат по одреден критериум и под видео надзор.

„Има критериум по кој ќе се местат овие налепници. Има четири врсти, за мали моторцикли, за моторцикли, за таблички со три бројки и таблички со четири бројки. Лепењето ќе биде во станиците за технички прегледи каде контролорите пред камера ќе ги лепат налепниците. Ние сме обврзани да водеме посебна евиденција по основ на тоа на кој се доделени истите.“ – вели Рогожаров.

Дополнително малтретирање, губење време и пари, граѓаните револтирани велат дека губат ден од работа за да стават налепница со „НМК“ на своето возило.

„Јас не знам што е овоа, луѓето губат време само, малтретира се и така. И плус дополнително трошоци. Ќе полнат Буџетот само. Што значи, 10 часот на работа не можеш да отидеш уште.“ – велат граѓаните.

Со ставањето на налепниците со НМК не се менуваат дополнително регистерските таблички на возилата.

Лаура Стојанова М-Нет