
Да се исчистат оџаците и да се провери електричната инсталација пред да почне грејната сезона се важни правила, но колку реално се почитуваат? Поголем дел граѓани во Штип, кои се греат на дрва веќе се префрлени на клими, што значи дека не се грижат толку за исправноста на оџаците, туку повеќе дали инсталацијата им е во ред. Оние кои се уште се греат на дрва велат дека оџаците им се исчистени и спремни за новата сезона.
Посебен апел до граѓаните за навремено чистење на оџаците, упатуваат од ТППЕ Штип. Велат целта е да не дојде до пожари и големи штети. Дополнително за оние што се грејат на струја, предупредија да си ја проверат електричната инсталација.
,,Пред секој почеток на грејната сезона даваме апел до сите граѓани, пред стартот добро да ги прочистат своите оџаци и оние кои што се грејат на електрична енергија, значи да ги проверат инсталациите пред да ги вклучам грејните тела. Старите згради каде што електричната инсталација е веќе дотраена значи, даваме апел до граѓаните да ја променат доколку е потребно инсталацијата за да не дојде до несакни последици.“, вели Ренџов
Според досегашното искуство на пожарникарите на ТППЕ Штип и имајки во предвид дека поголем дел граѓани од огрев на дрво, се префрлија на електрична енергија, најголем број случаи на пожари од ваков тип се поради неисправна инсталација. Пожарникарите и натаму апелираат, граѓаните навреме да ги проверат грејните тела, се со цел да не дојде до несакани последици во текто на свежите денови и зимата.
Иван Митев, М-Нет