
Истрагата за пожарот во дикотеката во Кочани се уште е во тек, се сослушуваат сите оние кои се поврзани со кривично правниот настан – посочи министерот за внатрешни работи.
„Согласно информациите кои ги имам сега за сега се превземаат насоки по напатствија од Јавното обвинителство. Се сослушуваат одреден број на сведоци кои се поврзани со кривично правниот настан. Истрагата сѐ уште трае.“ – вели Тошковски.
Од друга страна семејстваата на починатите од трагичниот настан ја одбија средбата со премиерот Мицкоски.
„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, се наведува во писмото од семејствата.
Тие истакнуваат дека нивниот став не е целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.
Покрај одбивањето на средбата, семејствата најавија и организирање на мирен собир под наслов „Марш на ангелите“, кој ќе се одржи на денеска во Кочани, со почеток во 16:05 часот. Со овој марш, тие сакаат да ја одбележат болката, да побараат правда и да ги потсетат институциите дека ваква трагедија не смее да се повтори.
Пожарот што на 16 март ја зафати дискотеката „Пулс“ ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за безбедносните стандарди, инспекциските контроли и институционалната одговорност.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет