Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против зголемувањето на минималната плата од 600 евра, и посочува дека суштината на предлогот е целосно поинаква од она што СДС се обидува да го прикаже во јавноста.
„Како пратеник од Левица, јас бев во сала, но свесно не гласав. Не гласав од проста причина што предлогот не ги задолжува компаниите да ја исплатат определената сума од 600 евра минимална плата, туку од Буџет, од народни пари, да им се финансираат платите на газдите“, посочува Исмаил.
Според него, политиката на СДС повторно се сведува на тоа државата да го презема товарот што треба да го понесат работодавачите, додека профитот останува приватен.
„Па каква е таа логика да државата им го плаќа работникот на газдите, па тие со туѓи пари да го млатат по 8-10 саати за свој џеб!?“
Исмаил посочува дека СДС наместо да ја критикува Левица, треба да објасни зошто предлага јавни средства да се користат за субвенционирање на приватниот капитал, наместо зголемувањето на платите да биде обврска на компаниите.
„Вас, господа од СДС заевистичка, читај олигархиска, изгледа не ви доаѓа памет никако?! За вашата идеолошка истрошеност, паушалност и крајна несериозност, не може да ви се криви сите освен самите вие.“
Исмаил ја посочува и контрадикторноста во политиката на СДС, која се претставува како социјалдемократска, а предлага модел во кој државата со народни пари го субвенционира работодавачот.
Текстот Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари е превземен од МАКФАКС.