
Штипско Ново село ќе добие таблички на кои ќе бидат прикажани картата, но и неговите градби завеедени како културно наследство во државата. Активностите ќе ги спроведе Здружението “Споделно знаење“ од Скопје во рамки на проектот „Викисело“ со цел умножување на статиите на википедија на македонски јазик. Утре со почеток во 14 часот ќе одржи свечено отворање и пуштање во употреба на една голема табла која ја прикажува картата на Ново Село со неговите градби заведени како културно наследство на Македонија како и шестнаесет помали таблички кои се наоѓаат пред самите градби кои имаат статус споменици на културата. Почетната точка на свеченото отворање ќе биде кај Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско, каде што ќе биде претставена големата информативна карта на Ново Село, и настанот ќе продолжи по улицата „Крсте Мисирков“ каде ќе бидат претставувани засебните информативни таблички на секоја градба која е споменик на културата.
Согласно Списокот на културно наследство, споменици на културата во Ново Село која ќе добијат своја информативна табличка се:
1. Ново Село – самото населено место е заведено како културно наследство
2. Новоселско училиште
3. Црква „Успение на Пресвета Богородица“
4. Црква „Св. Троица“
5. Куќа на ул. „Крсте Мисирков“ бр. 6, 8, 12, 14, 30, 45, 67 и 69 како и Музејот на дејците на ВМРО од Штип и Штипско
14. Куќа на Михајло Апостолски
15. Црква „Св. Спас“
16. Црква „Јован Крстител“
17. Еврејски гробишта
„Викисело“ е проект кој ја промовира и афирмира историската архитектура прогласена за културно наследство во македонските села, со цел да се спознават жителите, минувачите и посетителите дека градбите се културно наследство. Табличките воедно имаат QR код кој со негово скенирање води до статија за конкретната градба на Википедија на македонски и англиски јазик. Овој проект веќе беше имплементиран во селото Галичник во 2021 година.
Поставувањето на табличките во штипско Ново село е проект кој за прв пат се имплеметира во Истокот од државата.
Лаура Стојанова М-Нет