
Летната сезона полека започнува, а граѓаните веќе прават математики дали годинава ќе можат да заминат на одмор. Додека малкумина размислуваат за пократок одмор, поголем дел дека летувањето станува потешко достижно. Оваа година, велат тешка е ситуацијата во светот, поради воениот кофликт во Блискиот Исток, а тоа се одрази и на цените на нафтата и нафтените деривати и на цените во маркетите, кој стануваат се поскапи.
Кога е во прашање минатото, граѓаните тврдат оти оделе почесто на одмор. Имале простор да отидат дури и за Германија, а сега како што велат немаат можност да си го овозможат тоа.
Инаку, граѓаните дополнително истакнаа дека со моменталната ситуација, многу потешко луѓето би си овозможиле одмор. Највеќе се жалат за цените во маркетите, а потоа и за поголемите давачки за струја, вода, телефон, а дополнителен товар им се и скапите лекарства, кој како што велат мораат постојано да ги користат.
Иван Митев, М-Нет