
Младиот Петар Милев од Штип вчеравечер во штипскиот Дом на култура ја релзираше својата прва изложба. Пејсажи, мртва природа, портрети беа дел од темите на сликите кои беа изложени во Глаерија 22. 11 годишниот Милев црта од мали нозе, вложува труд и вели дека резултатот е очигледен. Благодарение на неговото семејство, изложените слики може да ги погледнат сите љубители на сликарството.
„Јас најмногу сакам да цртам пејсажи, помалку мртва природа и најмалку портрети. Јас за една слика користам акрилни и дрвени бои и имам слики кои ги правам по шест до седум часа“ – вели Милев.
27 слики беа изложени во склоп на првата самостојна изложба на младиот Милев. Ова е трета изложба на млади уметници до 14 години. Целта е младите уметници да се престават, да творат и да постигнуваат резултати.
„Малите уметници да се престават – ова е една смислена платформа овие пет години со која ние работиме. Петар ќе се престави и се надевам ќе го подигнеме нивото на уметност кај младите. Главното е неговата волја, упорност, фикус, работливост – сите тие особини ако се имаат резултатот е загарантиран.“ – вели Минов.

Петар ја продолжува семејната традиција, велат присутните на изложбата. Честа и задоволството што се дел од изложбата не ја сокрија ниту присутните.
„Посебно ми е драго што се занимава со сликарството, ја продолжува на некој начин семејната традиција, резултат е оваа изложба и тоа многу значи“ – велат граѓаните.
Со помош на ваквите изложби на млади уметници се помага да се развива љубовта, желбата кон уметноста од мали нозе.
Лаура Стојанова М-Нет