Дечињата и родителите утре ќе учестуваат во настан организиран од штипските градинки „Астобо“ и „Вера Циривири Трена“ со цел да се одбележи први јуни денот на детето. Овој ден традиционално секоја година се одбележува во Штип, а претставува чест на градинките кои го организираат. Настанот ќе се одржи утре во 19 часот на градскиот стадион во Штип.
„Детските градиинки по повод први јуни светскиот ден на детето и светскиот ден на танцот, традиционално учестуваат во игра проект кој што го организираме како настан заедно децата со родителите. Оваа година ќе се одржи утре, први јуни, сабота со почето во 19 часот на градскиот стадион Штип и воедно ги поканувам како детска градинка „Астибо“ сите заинтересирани граѓани да дојдат да го погледнат настанот, ќе уживаат и нема да зажалат.“

Годинава покровител на настанот е и Општина Штип посочуваат дирекотрите на градинките и упаруваат голема благодарност за подршката и заинтересираноста во проектите на градинките.
„И детската градинка Вера Циривири Трена ќе зеде учество оваа годинса за одбележување на меѓународниот ден на детето и денот на танцот. Ги покануваме сите родители и сите граѓани на Општина Штип да дојдат да земат учество и да ги гледаат дечињата. Од оваа година можеме да напоменеме дека и Општина Штип е покровител на овој настан така да голема благодарност за заинтересираноста и за подршката на нашите проекти кои ги планираме.“ – додава Ангеличкова
Дирекорите на градинките Ангеличкова и Митров упатуваат апел до сите заинтересирани граѓани да дојдат да го проследат насатанот приреден од детските градинки.
Лаура Стојанова, М-Нет