Изградба на нова зграда во Сењак 4 опасност за безбедноста на неколку семесјтва во Штип

Нова зграда во населба Сењак 4 вистински проблем за неколку семејства кои живеат во близина. За да се изгради новата зграда нивните потрпорни ѕидови треба да бидат срушени, а за понатамошниот тек на настаните и безбедноста на нивните куќи не одговара никој. Неколкупати биле и во Општина Штип за да најдат решение на проблемот, но и од таму на виделина нема ништо.

“Тие потрпони ѕидови се направени заедно со куќите. Од општината не ни даваат одговор.“ – вели Горгиева.

Водоводот и канализацијата се наоѓаат во дворот онаму каде што треба да се копа. Можеби ќе останат и без вода ама одговорност не се презема ниту за тоа. Согласни се – со изградбата на новата зграда да не се рушат нивните потрпорни ѕидови.

„Сакаат да дојдат точно до куќата, дворовите да ни ги ископаат, водовод ни е тука канализација се. Гушеме се од оваа прашина, а замислете ќе дојдат во дворовите да ни копаат. Ние бараме да не се чепкаат ѕидовите“ – вели Дончева.

Некогаш трошеле големи пари за да купат место за живеење за денеска да живеат во страв дека може да се свлечи земјиште или да останат без вода за пиење.

„Јас сум ја купила таа зграда пред 40 години, таа зграда чини. Ние само сакаме нашите потпорни ѕидови никако да не се чепкаат. Инвеститорот што сака нека граде, како може да каже три метра во дворот ќе ми влегол.“ – додава Мишева.

Од општината истакнаа дека се запознени со проблемот. Од одделот урбанизам велат дека има постапка за одборение за граба, парцелата е продадена на хавно наддавање ама се уште е незивесно дали инвеститорот ќе ја добие дозволата или не.