
Денес во просториите на ФФМ беа извлечени паровите за осминафиналните куп натпревари на Македонија. Еден натпревар ќе решава која екипа ќе го продолжи патот во четвртфиналето што значи дека и во оваа фаза ќе нема реванш натпревари. Ждрепката сакаше да се состават следните осминафинални парови:
- Брегалница – Охрид Лихнидос
- Струга ТЛ – Борец
- А. Пандев – Македонија ЃП
- Шкендија – Ренова
- Вардар – Скопје
- Беласица – Силекс
- Пелистер – Работнички
- Шкупи – Тиквеш
Сите осминафинални куп натпревари ќе се одиграат на 20 октпомври 2021 г. со почеток во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk