
42ј пациенти имаат потреба од болничко лекување и се хоспитализирани во клиничка болница Штип. Од нив 38 се во модуларната ковид болница и шест на Кожното одделение кое работи како ковид оддел. Во последните 24 часа испишан е само еден пациент, а новопримени се пет. Од хоспитализираните пациенти 32 лица се на кислородна поддршка, а вакцинирани се 14 пациенти. Моментално слободни се девет кревети во модуларната ковид болница и три на кожното одделение. Едно лице од Радовиш на 55 годишна возраст ја загубило битката со невидливиот непријател, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспитализирани се девет пациенти на Интерното одделение кое работи како ковид оддел. Од нив 5 се вакцинирани а тројца се на кислородна поддршка. Во последното деноноќие нема испишани пациенти, а ново примени се двајца. Во Кочани и по недела дена нема починати лица од Ковид 19, информираат од болницата. Слободни се 18 кревети.
Според информации од Министерството за здравство, заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999, бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017.
Лаура Стојанова МНет