Играчите на штипски Мал Ајакс херојски спасија два животи од возило кое излетало кај Плетвар!

Екипата на Мал Ајакс вчера славеше триумф од 6:7 над битолски Конзули и во Штип се враќа со нови три бодови и со тоа продолжува да го трасира патот кон пласман во Првата лига.

Меѓутоа, на враќање од Битола кон Штип, на лошиот и завеан пат кај Плетвар, играчите на штипскиот клуб херојски спасија два животи од возило кое излетало од патот.

Како што вели тренерот на Мал Ајакс, Влатко Манев, тие добиле благодарност од луѓето за помошта, а тоа како што додава Манев тоа ги води до успех и среќа.

Александар Ванев, М-Нет