
Уште еден голем меѓународен успех за младата борачка Андреа Нисева од Штип, која викендот учествуваше на „Кроација Опен“ во Загреб, каде освои златен медал.
Нисева за М Нет телевизија вели дека конкуренцијата била голема, имала четири борби и истите ги победила.
„Викендот настапивме на „Кроација Опен“ во Загреб, натпреварот беше направен од страна на UWW го има во календарот на UWW. Конкуренцијата беше голема имаше натпреварувачки од Германија, Унгарија, Израел, Романија и уште многу други држави од Европа. Имав четири борби и сите ги победив. Имав борба со натпреварувачка од Унгарија, имав борба со натпреварувачка од Хрватска, Србија и сите ги победив и освои прво место“, вели Нисева за М Нет телевизија.
Нисева пред десеттина дена освои сребрен медал на силен меѓународен турнир во Шведска, а овој викенд се закити со злато во Хрватска.
„Конкуренцијата секако беше тешка и на претходниот и на сегашниот турнир ќе биде тешка и овие натпревари како што напоменавме ќе бидат сите за подготовка на Европското и Светските првенства“, додава Нисева.
Овие натпревари всушност се подготовка за Нисева за во иднина односно за тоа што би ја очекувала на Европското и Светските првенства.
Александар Ванев, М-Нет